Гордан Калајџиев повикан на разговор во полиција

Гордан Калајџиев, прeтседателот на Хелсиншкиот комитет на Македонија и професор на Правниот факултет на УКИМ, утрово бил повикан во полиција.

Според информациите на Дојче веле, Калајџиев во девет часот е повикан на информативен разговор за неговото учество на протест на Шарената револуција.

Калајџиев за Дојче Веле потврдува дека е повикан на информативен разговор за неговото учество во протестите, односно за фрлањето боја врз институциите. Сепак, тој пресметал дека штетата која ја направил е симболична.

- Таа 'штета' од бојата е симболична и многу помала од државниот удар што и е нанесен на Македонија - вели Калајџиев за Дојче Веле.

Поканата за информативен разговор во полиција му ја предале полицајци, кои со службено полициско возило го дочекале пред неговиот дом, кога тој со синот се враќал од прошетка низ градот.

 
 
23.05.2016 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега