Починал на лице место: Струмичанец удрил во ѕид па паднал во канал

Уште еден живот згасна на патиштата во Македонија. Струмичанец загина во страшна сообраќајка вчера вечерта во 21 часот и 30 минути, на патот село Банско - село Морино.

Се работи за 41-годишниот Лазар Л.  од струмичкото село Борисово кој со автомобил „Голф“ излетал од патот, удрил во ограден ѕид од куќа, па паднал во канал за наводнување. 

Возачот за жал починал на лице место.

 
 
23.05.2016 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега