Амбасадорот Трпевски се сретна со албанскиот премиер во заминување Бериша

Албанскиот премиер во заминување Сали Бериша синоќа се сретна со македонскиот амбасадор во Тирана Веле Трпевски.

- На средбата беше нагласен високиот напредок во соработката меѓу двете земји остварен во овој период, како и извонредниот придонес, кој инфарструктурните проекти, како што е автопатот „Руга е Арбрит“ („Патот на Арбр“ кој ја поврзува Тирана со преминот Блато кај Дебар), тунелот кај Елбасан, како и други проекти ќе условат продлабочување на соработката за доброто на двете држави и нивните граѓани, стои во соопштението од кабинетот на Бериша.

Амбасадорот Трпевски се заблагодарил за срдечниот прием  и постојаната подршка од Бериша лично, но и од неговата Влада за успешната  реализација на неговата мисија во Тирана.

ФОТО: Ерепортер

најчитано сега