Политичарите не се над граѓаните, Иванов ги повлече одлуките за аболиција кои се однесуваа на партиски членови

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во своето обраќање денес истакна дека го повлекува помилувањето за сите политички експонирани лица, вкупно 22.

-Денес донесов одлука да поништам дел од одлуките и без помилуваните лица да го побараат од мене. Во согласност со законот за дополнување на Законот за помилување донесов одлука за поништување на одлуките за помилување за сите политички експонирани лица. Сите други лица, согласно законските измени, имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Не сакам веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот, ниту еден политичар не е недопирлив, напротив секој ќе одговара за своите постапки, истакна Иванов.

 
 
27.05.2016 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега