За што најчесто се бара помош на Ало Докторе?

 

 

Изминатата недела на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе!“ помош побарале 1.271 лице, а од почетокот на проектот се реализирани вкупно 95.312 повици, информира Здравствениот дом Скопје.

Вкупно 25 доктори се достапани за медицински совет за граѓаните од сите градови на Македонија, а линијата е отворена секој ден 24 часа.

Како што се наведува во соопштението, јавувањата најчесто се за покачен крвен притисок, главоболки, настинки,  алергиски реакции  и симптомна болка. Сите лица побарале  медицински совет на телефонската линија „Ало докторе!“ добиле здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија. 

 
 
30.05.2016 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега