Детали од несреќата: Форд се преврте на патот Кичево-Гостивар - има повредени

Три лица се повредени откако автомобил „Форд Фокус“ со кичевски регистерски ознаки се преврте на патот Кичево-Гостивар.

Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 12:20 по мавровската крстосница.

Како возачот изгубил контрола над возилото се уште не е разјаснето. Итната помош веднаш пристигнала на лице место и повредените веднаш биле префрлени во болницата во Гостивар каде им била укажана лекарска помош. 

Екипи од СВР Тетово и полициската станица во Гостивар се излезени на лице место и во тек е увидот, а повикана била и противпожарната служба.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам

 
 
30.05.2016 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега