Среќен крај или кошмар: Родителите ја најдоа Наде но... - во какви услови живее девојчето?

Случајот со шестгодишното девојче од скопската населба Ново Маало, кој вчера предизвика големо внимание имаше среќен крај, но сепак, социјалните работници го истражуваат случајот со загубеното детенце. Како што пишува  Дневник, по неколку часовната драма откако беше објавено на социјалните мрежи дека советничката во Општина Центар нашла загубено детенце, се појави информација дека родителите ја земале и таа е повторно во домот, но ова отвори многу прашања кај нив.

Со оглед на тоа дека таткото објаснил дека не е прв пат девојчето да исчезне од дома, ако се покаже дека родителите не се грижат за него, тие може да го загубат детето. Тим на социјални работници се крена на нозе по веста и испитува што точно вчера се случувало во оваа населба во близина на Олимпискиот базен.

- „Ја најдов во близина на Олимписки базен, најверојатно е загубена. Ако некој ја препознава, ве молам контактирајте ме“, напиша вчера Елена Петковска на Фејсбук, по што девојчето беше најдено.

Ја прашав каде оди сама и дали ѝ треба помош. Таа рече дека живее во зградите, потоа ми рече дека оди на училиште, а покажуваше на гимназијата „Kорчагин“. Сфатив дека нешто не е во ред. Ја прашав каде ѝ се родителите. Ми одговори нешто неповрзано, спомна дека се дома, па во Kавадарци, дека бабата ѝ чисти по влезови. Беше жедна и гладна, па ја седнав во едно кафуле додека се обидував да најдам помош. Kонтактирав со социјалните служби, а во меѓувреме објавив на „Фејсбук“. Пријатели ми рекоа дека и тие често ја среќавале како сама талка во овој дел од градот. Облеката не ѝ беше многу чиста, но не изгледаше запуштено, вели Елена за Дневник и додава дека во кафулето потоа дошол млад маж кој го прашал девојчето „Kај си ма ти?“. Девојчето почнало да плаче, а тој ја земал и однел дома.

Куќата на родителите е во лоша состојба. Тие рекле дека малата "си го добила своето" за тоа што го направила.

Малечката ја знаеме сите во маалото. Многу е интелигентна и слободна. Влегува во сите комшиски куќи, тука нема многу деца за играње, па често ја гледаме сама по сокаците. Девојчето е супер, но не знаеме ништо за нејзините – вели соседот Тодор Димовски за Дневник.

Социјалните работни ќе го испитуваат случајот.

 
 
02.06.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега