Тешка сообраќајка кај Охрид, има повредени

Три лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Требеништа.

До несреќата дошло при директен судир на две патнички возила, на место каде во тек се градежни активности околу изградбата на новиот автопат.

Засега нема информации за идентитетот на повредените, освен дека сите тројца се префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

Причините за несреќата ќе ги утврдува истрагата, а во моментот во тек е увид на лице место. Повеќе информации во врска со несреќата се очекуваат подоцна во текот на денот.

 
 
02.06.2016 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега