Полицијата влезе во кумановско: Еве што пронајде таму

Вкупно 39 мигранти, од кои 21 малолетно лице без документи за идентификација пронашла вчера полициската патрола во населбата Доброшане, Куманово.

Мигрантите, како што информира денеска МВР, биле пронајдени во напуштено товарно моторно возило „Форд Транзит“. 

По наредба на Јавното обвинителство, три полнолетни лица мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци до расветлување на настанот.

Останатите 36 мигранти ќе бидат вратени во Транзитниот центар во Гевгелија, а потоа ќе бидат вратени за Грција. 

 
 
02.06.2016 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега