Најдобриот фудбалер на сите времиња Пеле ги продава медалите

Легендарниот Пеле одлучи да ги продаде сите свои сувенири кои ги собрал како фудбалер, а многумина сметаат дека на тој чекор се одлучил бидејќи му недостасуваат пари за лекување.

Бразилскиот фудбалер Едсон Арантес дон Насименто Пеле (75) на акукција која на 7,8 и 9 јуни ќе се одржи во Лондон ќе ги стави сите свои вредни работи фудбалската колекција која ја собира 60 години.

Не е позната вистинската причина за продажбата на овие вредни работи, но извори блиски до Пеле сметаат дека причината е од лична природа.

Пеле последната година често бил во болница поради грбот, колкот и операција на простатата. Поради тоа многумина помислија дека причина за аукцијата е поради обирање пари за лекување.

-Има многу причини, тоа се некои приватни работи кои ги знае само тој, вели Дан Нелес од аукциската куќа.

Меѓутоа Пеле истакнал дека ова било тешка одлука.

-Потребни се многу одрекувања за да се грижам за овие артефакти и чувствувам дека би направил многу повеќе ако сите работи ги поделам со луѓето, вели Пеле.

Се проценува дека со продажба на овие работи, екс фудбалерот би можел да заработи меѓу ,5 и 3,5 милиони фунти.

Ова се дел од работите кои ќе се најдат на аукцијата:

-Неговиот личен трофеј (реплика) од освојувањето на Мундијалот – цена меѓу 400.000 и 600.000 долари

-Златен медал од освојување на Мундијалот 1958, 1962 и 1970 чија вредност е од 100.000 до 200.000 долари

-Топката со која го постигна 1000-тиот гол во кариерата – вредност 40.000-60.000 долари

-Дрес од екипата на Сантос – 8.000- 10.000 долари.

 
 
02.06.2016 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега