Бизнис средби на компании од неколку региони во Македонија

Компании од Полошкиот, Пелагонискиот, Источниот и Североисточниот регион денеска во Охрид ќе одржат бизнис средби на кои ќе ги претстават своите производи и услуги и ќе ги разгледаат можностите за заедничка соработка. 

Средбите се организираат во рамки на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија.

Најавено е обраќање на заменик-директорката на Проектот ЦЕЕД Македонија, Билјана Дамевска.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2011 година, ги поддржува микро и малите бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на Проектот се имплементирани преку ЦЕЕД Македонија, кој е една од институциите во наследство на УСАИД.

 
 
04.06.2016 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега