Мојата ќерка умре поради овој предмет, а сите го имате дома - мајка ги предупредува родителите на опасност

Зои Харт од Австралија умрела во 2002. година, стара само 20 месеци, откако се угушила со врвка за подигање на ролетните. Нејзе родителите ја сместиле во креветче за спиење, а кога се вратиле да ја ѕирнат, сфатиле дека девојчето не дише.

Родителите го оставиле девојчето во креветчето каде си играло, скокало и се гледало во огледало. Меѓутоа, десет минути подоцна, кога таткото Стивен влегол во собата, сфатил дека нивната ќерка е мртва.

- Станала за да погледне низ прозорецот, се лизнала од малото столче и главата и се заплеткала во врвката од ролетната. Висеше на неа, рекла мајката Ди Харт.

Мајката во тоа време била во дваесетата недела од бременоста со синот Мајкл.

- Не можевме да ја симнеме Зои од врвката. Таа се заплеткала. Повикавме Брза помош и се обидовме да ја оживееме. Меѓутоа, не успеавме. Гледавме како детето ни умира пред очи, изјавиле неутешните родители.

Денес Ди и Стивен имаат три деца. Покрај Мајкл, ги добиле и близнаците Зара и Адел. Мајката решила оваа приказна да ја сподели со јавноста бидејќи сака да укаже на опасноста од ролетните кои секое семејство ги има во домот.

 

 
 
04.06.2016 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега