КАКВА ХРАБРОСТ: Матурантката го облекла овој убав фустан, но ако погледнете малку подобро ќе видите...

Пред 2 годни, Киле Брукбенк била во својата куќа. Тинејџерката не ни чувствула дека во куќата тече плин и запалила свеќа. Од експлозијата се здобила со тешки изгореници и едвај преживеала, пишува Little Things.

Таа имала изгореници на 45 посто од телото. Дури 38 дена поминала во болница каде што лекарите направиле неколку операции. На рацете, нозете и грбот и останале лузни.

Иако на почетокот било тешко, Киле решила дека нема да се крие, затоа што нејзините лузни биле одраз на нејзината сила, преживување и убавина.

Кога се појавила во фустан без ракави на матурата, предизвикала воодушевување кај семејството, но и нејзините колеги. Знаејќи низ што поминала, би ја разбрале и да не појави на овој важен ден, но таа стигнала со крената глава. Дури е и прогласена за кралица на матурската вечер.

„Мислев дека веќе нема да можам да облечам фустан и дека ќе ми биде незгодно во сопственото тело, но се чувствувам добро во својата кожа“, вели Киле.

Нејзиното момче кое и бил и партнер на матурата, Дилан поминал со нејзе низ најтешките моменти. Со гордост ја прател на забавата.

„Таа е дефинитивно најубата девојка овде. Таа е една од најубавите девојки која некогаш сум ја видел“, изјави Дилан.

 
 
05.06.2016 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега