Апсолутен хит: Необичен метод кој ќе ви помогне да ги положите испитите

Полагањето на приемни испити создава голем притисок на средношколците. Ова не карактеристично само кај нас, туку го потврдува и британска студија каде резултатите биле негативни и покажале дека дури 90 проценти од децата чувствуваат притисок, а четвртина признале дека имаат стресни моменти.

Една амбициозна учителка, земјаќи ги предвид овие резултати решила да постапи поинаку за првпат. Неколку дена пред испитот, таа има напишата на учениците:

“Од испитот не делат само неколку дена и важно е да се искористи преостанатото време на мудар начин. Ова е вашата задача за викенд. Ве молам да ја завршите одговорно и како што треба:

  • Возете точак
  • Прочитајте книга
  • Погледнете го омилениот филм што ќе ве насмее
  • Смејте се додека не почне да ве боли стомак
  • Јадете гумени бонбони
  • Поминете време со луѓето кои ги сакате
  • Излезете надвор и уживајте во времето
  • Одете на пливање
  • Занимавајте се со некое хоби
  • Одморете се
  • Видете се со пријателите
  • Трчајте до изнемоштеност
  • Згответе нешто
  • Јадете сладолед
  • Играјте си во дворот
  • Направете нешто кое никогаш не сте направиле”

Овој метод станал апсолутен хит меѓу младите во Бритaнија и се шири со брзина на светлината.

 

Извор: Hybread.mk

 
 
07.06.2016 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега