ДА ПОМОГНЕМЕ: Граѓаните на нозе - акција за пронаоѓање на исчезнатиот Ристе

Семејството на Ристе Алексиевски од Охрид и понатаму е во очај и паника откако од него нема ниту трага ниту глас. Од 4 јуни од охриѓанецот кој заминал да собира печурки, нема никаква трага.

Како што пишува порталот ОхридЊуз, со цел да се помогне на семејството да го пронајде Ристе, освен полицијата, на нозе се креваат и мештаните на селото Мештеишта. Сите граѓани можат да помогнат во акцијата за пронаоѓање на исчезнатиот маж. 

Сите заинтересирани за учество во акцијата може да се обратат на телефон 077 738 691.

До сега во акцијата за пронаоѓање на Алексиески, покрај полициските служби вклучени беа и членовите на Единицата за интервеции и спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.

Инаку, Ристе е виден последен пат во 12.30 часот покрај автопатот меѓу двете села, Мешеишта, Калиманци. 

Тој е висок околу 170 сантиметри и тежок околу 65 килограми. Облечен бил во потемна облека (црни или тегет тренерки, темна маица, односно блуза и темна капа).

 
 
10.06.2016 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега