Драма во Скопје, му впериле пиштол на улица - интервенирале Алфите

Драма се одвивала на улица во Скопје. Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 30 минути, полициски службеник пријавил дека додека се движел пеш кон работа, на улицата „Наум Наумовски Борче“, непознато лице, кое управувало возило марка „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, го навредувало, го пцуело  и му вперило црн предмет налик на пиштол, а потоа заминало во непознат правец.

Според податоците од полицијата, возилото било сопрено од страна на Алфа тим.  Две лица се приведени, а се работи за 41-годишниот Д.Т. и 38-годишниот Б.Ѓ. од Скопје.

Во возилото е пронајден метален пиштол плашливец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
10.06.2016 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега