Расте продажбата на половните возила - се подобри возниот парк во Македонија

Се зголемува продажбата на половните автомобили. Во првите четири месеци од годината во споредба со истиот период лани, за 30 проценти на увозниците на половни возила им се зголемила продажбата на коли со еуро три стандарди. Граѓаните ја користат последната шанса да купат кола по пониска цена. Рокот за внесување на вакви автомобили истекува на 30 јуни, пишува Лидер.

Увозниците со ваквите измени во законот не очекуваат да им се намали профитот. Велат дека нема големи отскокнувања во цените кај возилата со еуро 3 и со еуро 4 стандард на моторот.

“Возила со еуро три стандард увезуваме до крајот на месецов, затоа граѓаните се повеќе купуваат рокот е краток, продажбаа е зголемена на овие автомобили. Ние се полека се прилагодуваме на новите измени, почнавме со увоз и на возила со еуро четири стандард, а и граѓамните веќе ги бараат и затоа не очекуваме намалување на профитот, вели, Љупчо Бандовски- сопственик на фирма за продажба на употребени возила.

Регистриран е и зголемен увозот на половни возила во земјава. Според царината само во април годинава во однос на април лани, во земјава внесени се 530 употребени автомобили повеќе.

Според новите измени во законот за увоз на половни возила, од први јули во земјава нема да биде дозвлено да се внесуваат оние со еуро 3 стандард односно постари од 2005 година . Ќе можат да се увезуваат само со стандарди на моторот Еуро 4 и над овој стандард.

Според правилата за сите оние стари возила со Еуро 3 кои досега се внесени во земјава , царината ќе треба да се плати најдоцна до 30 јуни, рокот за хомологација засега е неограничен . Ваквата одлука надлежните ја досеноа со цел да се ограничи увозот на стари возила кои беа посочени како една од причините за зголемувањето на загаденоста на воздухот.

Измената е донесена уште во 2013 година на барање на импортерите на нови возила и компаниите кои увезуваат стари. Тогаш се донесе одлука увозот на стари возила со Еуро 2 стандард да се ограничи до 31.08.2014 година, а со Еуро 3 до 30.06 годинава. Од стартот на увозот на половни возила , во земјава внесени се над 150 илјади коли.

Се ограничи и увозот на возила од физички лица, и тоа на два годишно, за да се намали сивата економија. Цените пак за увоз на половни кли, засега остануваат исти . Висината на трошокот зависи од тонажата и категоризацијата на автомобилот.

Се подобри возниот парк во државата

Со увозот на половни автомобили се промени и подобри возниот парк во државата. Веќе е реткост на патиштата да се разминете со стари возила. Ако не беше увозот на половни возила од странство, загадувањето ќе беше многу поголемо, а граѓаните и натаму ќе се задушуваа. Увезените автомобили значително го подобрија возниот парк, а старите автомобили генерално заминаа во историјата. Новите возила со ефикасни мотори испуштаат значително помалку штетни гасови во воздухот за разлика од старите и веќе дотраени автомобили, кои од една страна трошеа многу, а од друга немаа никакви еколошки стандарди во однос на испуштањето на штетни гасови.

Македонците најмногу купуваат половни германски коли од 2.000 евра

Според македонскиот стандард, лани граѓаните најмногу барале да купат германски половни автомобили по цена од 2.000 до 6.000 евра.

Податоците од Царинската управа покажуваат дека минатата година во земјава се царинети 4.244 нови автомобили или околу 1.200 автомобили повеќе од 2014 година.

Во исто време пак во 2015 година, според бројките на Царината се увезени 23.196 стари автомобили што е за околу 6.000 половни коли помалку споредено со претходната 2014 година кога во земјава биле увезени вкупно 29.558 употребувани возила.

Бројките пак кај товарните возила покажува дека во 2015 година речиси едентична била бројката на стари и нови товарни возила.

Така царинети биле 1.130 нови товарни возила наспроти во 2014 кога биле 808, а кај старите возила се регистрираат 1.201, додека нивната бројка во 2014 година била нешто помала и достигнала 1.179.

Увозот на стари и нови автобуси забележува слични бројки и лани и во 2014 година.

Од автоплацевите кои што продаваат увезени половни автомобили велат дека во Македонија изминатава година најголема побарувачка има за возила стари возила по цена од 3.000 евра, па до 7.000 евра.

-Македонските граѓани се со низок стандард и затоа има голем увоз на стари автомобили иако оваа година тој бележи намалување. Колите кои што се увезуваат во Македонија и кои се најбарани се најчесто со германско потекло а цените просечно се движат од 2.000 до 6.000 евра. Овие возила се производство од 2000 до 2006 година и се со мотор Еуро 2 и Еуро 3. Има исто така понуда на половни автомобили ди француско и италијанско потекло, велат од еден скопски автоплац.

Според податоците од Европските производители на возила, изминатата 2015 година најпродаван автомобил бил Фолксваген Голф. На второ место е Фолксфаген Поло, Рено Клио и Форд Фиеста.

Според податоците објавени од сите национални здруженија на автомобилски производители и од Европската асоцијација на автомобилски производители, вкупниот број на продажбата на автомобили на Стариот континент, вклучувајќи ја и Русија, Турција и сите источни земји продадени се околу 20 милиони автомобили.

Опел Корса се рангираше на петтата позиција со продадени околт 250 илјади возила. Потоа следи Ниссан Кшкаи, Форд Фокус, Волксфаген Пасат и Шкода Октавиа и Пежо 208.

 
 
13.06.2016 - 08:55
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега