Пеколот прави проблеми, следуваат потешки денови: Седум скопјани колабирале

Викендот, скопската Брза Помош регистрирала 7 колапси. Најголем број од нив биле на отворен простор и тоа кај повозрасни граѓани.

Докторите апелираат без потреба да не се излегува од дома, особено во периодот кога е најтопло, да се пијат многу течности,и да се облекува соодветна и лесна облека.

Викендов екипи на Брза Помош интервенирале и кај 5 лица кои имале симптоми на труење со храна. Препорака до граѓаните е кога температурите се високи, храната што се готви веднаш да се консумира, или, пак, да се чува во фрижидер. Задолжително е и добро миење на овошјето и зеленчукот и посебно да се внимава со јајцата кои мора добро да бидат сварени, пишува Курир.

Од среда синоптичарите најавуваат уште потопол бран со зголемување на дневните температури што треба да биде причина плус да се внимава на препораките од докторите.

 
 
13.06.2016 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега