Скопска Пивара бара работник - плата 1000 евра месечно

РАКОВОДИТЕЛ НА ТИМ ЗА ПРОДАЖБА ЗА ТЕТОВО 

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности за личен и кариерен развој. 

Што е тоа што бараме:
Високо образование
Искуство во продажба
Добро познавање на англискиот јазик
Добро познавање на работа со MS Office апликации
Возачка дозвола Б-категорија
Мобилноста во рамките на Република Македонија ќе се смета за предност 

Краток опис на основните одговорности:
Ги води, ги контролира, ги координира и ги евалуира перформансите на членовите на тимот.
Се грижи за професионалниот развој на членовите на тимот.
Договара и дефинира цели.
Одржува дневни и неделни состаноци со тимот.
Гарантира постојано и континуирано прибирање податоци од сите продажни места во регионот во врска со степенот на дистрибуирани и присутни производи.
Врши контрола на извршувањето на пазарот.
Истражува, воочува и посочува можности за развој на продажбата во регионот на дневна основа.
Учествува во планирањето волумен на продажба на реонот и во активностите за реализација.
Решава жалби и поплаки од страна на купувачите и на потрошувачите.
Развива партнерски односи со купувачите во регионот. 

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Минимална основна бруто-плата за работното место е 61.000,00 МКД, плус варијабилен дел во износ кој зависи од исполнувањето на поставените цели. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати. 

 

Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации може да аплицираат тука, најдоцна до 20.06.2016.

 
 
13.06.2016 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега