Следува продолжен викенд, наредниот дури во август - кога ќе одмориме?

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека овој петок, Духовден е неработен ден. Ова е супер вест со оглед на тоа дека ни следува продолжен викенд. За време на продолжениот викенд ќе имаме сонце и високи температури до 40 степени.

Погледнете ги сите неработни денови до крајот на годината.

 

За сите граѓани на РМ:

  • 7 Јули (четврток) Рамазан Бајрам, прв ден на Рамазан Бајрам
  • 2 Август (вторник) Ден на Републиката
  • 8 Септември (четврток) Ден на независноста
  • 11 Октомври (вторник) Ден на народното востание
  • 23 Октомври (сабота) Ден на македонската ревулуцинерна борба
  • 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 17 Јуни (петок) Духовден, петок пред Духовден
  • 28 Август (недела) Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
  • 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци
  • 25 декември (недела), првиот ден на Божиќ

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 13 септември (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик
 
 
15.06.2016 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега