Миноски: Приоритети нови работни места, економски раст, инвестиции...

 

Новиот министер за финансии Кирил Миноски, по свечената изјава во Собранието, денеска изјави дека главен приоритет во неговата работа ќе бидат нови работни места, економскиот раст, инвестициите, унпаредување на стандардот на граѓаните и подобрување на деловното опкружување. 

- Извршувањето на функцијата министер за финансии за мене претставува огромна чест и, секако, одговорност. Главен приоритет за мене како министер за финансии на Република Македонија ќе претставува процесот на креирање нови работни места, економскиот раст, инвестициите, унапредувањето на животниот стандард на граѓаните и подобрување на деловното опкружување на компаниите во Република Македонија, истакна Миноски. 

Во рамки на 106. седница на Собранието, Миноски денеска беше избран за министер за финансии на Република Македонија по оставката од здравствени причини на Зоран Ставрески. 

 
 
15.06.2016 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега