Демонстрантите на СДСМ ја блокираа Итната помош - загрозен животот на пациент

Животот на еден пациент беше доведен во прашање откако возило на Итната помош денеска беше блокирано при протестите на таканaречената „Шарена револуција“ кај мостот Гоце Делчев. 

Курир пишува дека се работело за пациент на кого му била потребна итна медицинска помош, но иако возачот на Амбулантата свирел и викал за да го пуштат да помине, сепак останал блокиран во гужвата.

Блокади има на мостот „Гоце Делчев“, мостот „Слобода“ и мостот „Мајка Тереза“ кои се и најфреквентни места.

 
 
16.06.2016 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа