Пореметен сообраќајот во Скопје

Црквата и верниците утре го одбележуваат „Духовден“, поради што денешниот ден е неработен.

Од МВР информираат дека поради претстојниот верски празник Духовен на 18 јуни, во сабота, кај гробиштата Бутел од 7 часот, па се додека има потреба од соодветно регулирање на сообраќајот, истиот ќе биде пренасочен по ул.„Александар Урдарески“, покрај пазарот „Бутел“ до паркинг – просторот пред гробиштата.

За излез возилата треба да се движат по ул.„Боца Иванова“ до кружниот тек.

Во останатите денови, на 17ти и 19ти јуни, петок и недела, кај гробиштата Бутел, Ѓорче Петров и Камник од страна на сообраќајната полиција од СВР-Скопје ќе бидат преземени сите соодветни мерки за нормално одвивање на сообраќајот.

 
 
17.06.2016 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега