Проектирањето на железничката пруга кон Албанија ќе заврши до крајот на годината

Железничка пруга долга 63 километри ќе се гради и кон Албанија, од Кичево до албанскиот град Лин.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски истакна дека проектирањето за изработка на основен проект за еднаколосечна електрична пруга е започнат во 2014 година.

-Во тек е проектирање во должина од 63 километри, а дополнителн ќе се проектира и еден крак до Охрид. Вкупната инвестиција за проектирање е 9,7 милиони евра. Проектирањето ќе треба да заврши до крајот на ова година. До сега се завршени околу 60 проценти од проектирањето. Откако истото ќе заврши ќе увидиме колку е проценетата вредност за изградба на пругата, вели Мисајловски.

Тој додава дека се планира финансирањето да се обезбеди од ИПА или преку други меѓународни финансиски институции. Министерот посочува и дека идната недела ќе присуствува на министерски состанок со министрите од западен Балкан и претставници од ЕК на кој ќе ја презентира важноста од овој проект и потребата од неговото финансиарње.

Железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија треба да заврши најдоцна до 2020 година.

 
 
17.06.2016 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега