Викендов се поремети сообраќајот во Скопје - каде не се вози?

Поради Духовен  оваа сабота кај гробиштата Бутел од 07,00 часот па се додека има потреба од соодветно регулирање на сообраќајот истиот ќе биде пренасочен по улицата „Александар Урдарески“, покрај пазарот „Бутел“, лево по локалниот пат за селото Мирковци и лево по улицата „Боца Иванова“до паркингот пред гробиштата. За излез возилата треба да се движат по улицата„Боца Иванова“ до кружниот тек.

Во останатите денови петок и недела, кај гробиштата Бутел, Ѓорче Петров и Камник од страна на сообраќајната полиција од СВР-Скопје ќе бидат превземени сите соодветни мерки за нормално одвивање на сообраќајот.

 
 
18.06.2016 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега