Отворен почесен конзулат на Македонија во Долна Австрија

Вчера Македонија отвори Почесен козулат во Долна Австрија, со седиште во Сент Пелтен.

Почесен конзул стана проф. д-р Сузане Редлер, кардиолог, професор на Медицинскиот универзитет во Виена, позната и во дипломатските и деловните кругови како еминентен експерт од областа, член на Почесниот комитет на Виенскиот економски форум и на Управниот одбор на најголемата детска клиника „Св.Ана“, прва детска клиника во Европа, а конзулатот беше отворен од страна на македонскиот амбасадор во Виена Ѓорѓи Филипов.

Тој посока успешна работа на конзулатото од името на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, на премирот Никола Груевски и на шефот на дипломатијата Никола Попоски. 

најчитано сега