НОВА ПОВОЛНОСТ: Од Охрид со авион во Брисел

Со пристигнувањето на првата група туристи од Брисел на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе биде означен почетокот на авионската линија Брисел - Охрид.

Туристите на охридскиот аеродром ќе пристигнат утре наутро со туроператорот „Томас Кук“.

На официјалниот почеток на оваа авиолинија најавено е обраќање на претставници од ТАВ Македонија, туроператорот „Томас Кук“, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и од локалната самоуправа на Охрид.

Со воведувањето на оваа авиолинија се очекува да се зголеми бројот на туристи од Брисел, но и другите европски дестинации. 

 
 
19.06.2016 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега