Нова цена на горивата: Ќе возите ли уште поскап бензин?

Бензините овој вторник поевтинија за половина денар, додека цената на дизелот остана иста.

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за малопродажните цени на нафтените деривати која стапи на сила од вторникот и важи во наредните две седмици.

Според последната одлука донесена на 13 јуни малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит. Од друга страна, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променија, односно остануваат на исто ниво како цените утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.

Останува да видиме дали ќе возиме уште поскап бензин летово според движењето на нафтата на светските берзи.

Наредната корекција е закажана за 27 јуни.

 
 
19.06.2016 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега