Министерот Попоски се сретна со својот француски колега Фабиус

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој го придружува шефот на државата Ѓорге Иванов на состанокот на Брдо процесот што се одржува во Крањ, на маргините на конференцијата се сретна со неговиот француски колега Лоран Фабиус.

Двајцата соговорници констатирале дека постои добра основа за подинамичен развој на билатералните политички односи во иднина и изразија очекување дека активниот политички дијалог ќе доведе и до поблиска и поплодотворна економска соработка, а министерот информирал и за  реализираните реформи од страна на Владата на Република Македонија во контекст на ЕУ интеграцијата, а разменети се и мислења во врска со последниот Совет на Европската унија, како и очекувањата од претстојниот Европски совет. 

ФОТО: Влада

најчитано сега