Со тврд предмет сакал да нападне полицаец: Полицијата уапси 67-годишен беровец
67-годишен беровец е уапсен затоа што тврд предмет се обидел да нападне полицајци.
- На 21.08.2025 во 19:10 часот во с.Владимирово, беровско, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Д.П.(67) од Берово затоа што агресивно се однесувал, упатувал закани и се обидел со тврд предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од полицијата.
22.08.2025 - 16:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа