Министерот Попоски се сретна со своите колеги од Косово Албанија и Словенија

На маргините на Конференцијата на земјите-учеснички на Брдо Процесот, министерот Никола Попоски оствари средба со своите хомолози од Словенија, Косово и  од Албанија.

За време на разговорот со словенечкиот министер Ерјавец, беа реафирмирани заемните заложби за натамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес, со акцент на европските и евроатланските интегративни процеси на Република Македонија.

Во оваа смисла, беше поздравено и потпишувањето на Меморандумот меѓу владите на Република Македонија и на Република Словенија за меѓународна и развојна помош за периодот 2013-2015 година, како потврда повеќе за развојната и техничката помош што Словенија и ја доделува на Македонија во ЕУ интегративниот процес на земјата.

Во светло на Брдо Процесот министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски уште еднаш ги подвлече стратешките надворешно политички приоритети, изразени преку градење и негување на добрососедски односи со сите земји од непосредното и поширокото соседство во Регионот.

На одвоените средби со министрите за надворешни работи на Република Косово и Република Албанија, министрите заеднички изразија задоволство од позитивниот тренд на билатералната соработка, при што беа нотирани конкретни иницијативи и предлози, со цел целосно искористување на потенцијалите кои се нудат за динамична добрососедска соработка.

Истовремено, беше констатирана потребата од унапредување на економската соработка, како и забрзување на реализацијата на тековните проекти од патната инфраструктура и енергетското поврзување.

ФОТО: Мтв

најчитано сега