Ќе возиме ли поскап бензин летово?

Бензините минатиот вторник поевтинија за половина денар, додека цената на дизелот остана иста.

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за малопродажните цени на нафтените деривати која стапи на сила од вторникот и важи во наредните две седмици.

Според последната одлука донесена на 13 јуни малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит. Од друга страна, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променија, односно остануваат на исто ниво како цените утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.

Наредната корекција е закажана за 27 јуни.

Американската лесна нафта за испорака во јули поскапи за 44 центи и тргувањето го заврши на 48,42 долари за еден барел.
Северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија тргувањето го заврши поскапа за 35 центи на 49,52 долари за барел.
Ова е прво поскапуање на нафтата по падот од скоро 10% во текот на минатата седмица.

 Оваа цена не значи многу за македонски услови, бидејќи и натаму е скоро идентична со онаа врз основа на која регулаторот ја формираше малопродажната цена минатата недела. 

До следната корекција на цените има уште седум дена. Доколку нема драстични промени на светските берзи, нема да има ниту посериозни корекции на малопродажните цени во Македонија.

 
 
21.06.2016 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега