Утре сите во Градскиот Парк во Скопје

Утре во Градскиот парк со почеток во 21 часот, ќе се одржи традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“.

 Годинава манифестацијата ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА, којашто се одржува веќе девет години, посветена е на британската музичка легенда Дејвид Боуви, односно Македонска филхармонија ќе изведува дел од многубројните негови хитови.

 Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Емин Џијан и ќе изведе познати композиции на Боуви, кои овој пат ќе добијат поинаков и автентичен израз. Освен  Македонската филхармонија ќе учествува и бенд, како и Женскиот хор при МКЦ.

 

 Организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар на публиката и годинава ќе и дадат можност да ужива во творењето, испирирано од големите хитови на оваа музичка ѕвезда, на афирмираните ликовни уметници Ивана Младеновска и Агрон Абдули.

 

 На настанот на многубројната публика ќе им бидат поделени и 20 илјади примероци од книгата „Психоделија во предградието - Дејвид Боуви и уметничката лабораторија во Бекенам“ на Мери Финиган. Книгата зборува за самите почетоци на кариерата на Боуви, кога како 22-годишен музичар очајно се обидува да најде некој клуб во Лондон, каде што ќе може да свири. Мери Финиган пишува во прво лице, како тогашна негова пријателка и љубовница и дава директни сведоштва за периодот на Боуви за кој досега сме знаеле многу малку. 

 
 
22.06.2016 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега