Супер вест за викендов: Ќе се спасиме од комарците

На територијата на Скопје во сабота и во недела, од 5:30 до 10 часот, ќе се спроведе трето авионско прскање против комарци, соопшти денеска Град Скопје. 

Терестрична дезинсекција против комарци во Скопје, пак, ќе се изврши од недела до четврток, од 23 до 4 часот.

Доколку поради временските услови не се изврши аеросолната дезинсекција, таа ќе биде извршена првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Од Град Скопје апелираат пчеларите навреме да преземат  мерки за заштита на пчелите.

 
 
23.06.2016 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега