Каков шок: Неверојатно поевтинување на нафтата

Еден барел американска „лесна“ нафта поевтини за неверојатни 3 долари на 47 долари, а северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија стана поевтина за повеќе од 3,5 долари на 48,7 долари

На Њујоршката берза цената на сирова нафта падна за околу 5,2 проценти, но аналитичарите сепак велат дека британското „не“ за Европа нема да има долгорочно влијание на пазарите на нафта, односно дека ќе постои моментална нестабилност поради претпазливоста на главните играчи на пазарите.

Цените на сировата нафта паднаа за повеќе од 6 проценти, на азиските пазари, по објавата на резултатите за референдумот во Велика Британија, на кој е одлучено дека Велика Британија повеќе не е дел од Европската унија.

Пред да опаднат, цените на нафтата синоќа пораснаа, бидејќи се веруваше дека Британија нема така лесно да ја напушти ЕУ.

 

За Македонија последните цени на нафтените деривати се добра вест, но се чини доаѓаат прекасно за да ги почувствуваме со корекцијата која регулаторот треба да ја направи претстојниот понеделник.

Доколку продолжи надолниот тренд можеме да очекуваме благо намалување на цените, бидејќи просечната цена на нафтата врз основа на која регулаторот ги формираше малопродажните цени, беше над 49,5 долари за барел.

 
 
24.06.2016 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега