Важна вест за сите кои имаат кредит во Швајцарија: Еве што ќе се случи со франкот после Брегзит

Швајцарската централна банка денеска интервенираше на девизниот пазар како би го стабилизирала франкот, кој се смета за посигурна валута за инвеститорите, по гласањето во Велика Британија.

Откако исходот од британскиот референдум стана јасен, вредноста швајцарскиот франк нагло се крена во однос на единствената европска валута, и се тргуваше на ниво 1,06 франци за едно евро во 5:00 по Гринич, во однос на нивото само седум часа претходно кога беше 1,10.

Неполни три часа подоцна, околу 7:50, франкот ослабе и е тргуван за 1,085 за евро.

Швајцарската валута која традиционално се смета за најсигурна, веќе бележеше раст на вредноста откако се објавуваа различки анкети пред вчерашното гласање, кои наговестуваа можност за победа на Брегзит.

Силниот франк ги погодува швајцарските извозници, кои се принудени да ги смалуваат трошоците и симнуваат цените како би останале конкурентни на меѓународниот пазар.

Швајцарската централна банка воведе негативна каматна стапка на депозитите на почетокот на минатата година, по што нагло ја напушти својата три годишна политика, на држење на низок курс на франкот како би го заштитила извозот.

Инаку и Швајцарија си имаше свој референдум околу нивното учество во Европското семејство, тие во 1992 се изјаснија против членството во ЕУ.

 
 
24.06.2016 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега