Бугарска модна компанија отвори фабрика во Виница

Бугарската компанија „БТБ“ која е лидер за производство на женска облека на пазарот во Бугарија, денеска на во Виница ја започна работата во новата текстилна фабрика.

- Создавањето на БТБ Македонија започна во ноември 2015 година и во компанијата во моментот се вработени 100 луѓе од општините Виница, Делчево, Кочани, ако и од населените места   Митрашинци и  Будинарци, Беровско. Во македонската фабрика во Виница  е планирано да се шие облека од прва класа за најголемиот клиент на БТБ – Comma, како и сопствениот бренд Vayana, истакна инвеститорот на компанијата Ахим Бајлер.

Во Бугарија во моментот „БТБ“ има повеќе од 1000 вработени и продолжува да се зголемува, бидејќи месечно достигнува извоз на над 100 000 производи за некои од најпознатите брендови во светот Comma, s.Oliver (Women), Esprit, Peek & Cloppenburg. Компанијата има создадено и сопствен бренд Vayana, кој ја облекува бугарската жена веќе 8 години.

- Ние отвораме комплетно нова фабрика во Македонија, што значи отварање на многу нови работни места, за кои луѓето ќе можат да аплицираат наскоро. Ќе ги покриеме сите даноци и должности кон државата и можеме да ветиме дека нашите работници ќе имаат можност да заработат атрактивна и реална плата. Планираме  да вработиме нови 100 работници,вели  Бајерл.

Исто така „БТБ“- Македонија преку фабриката во Виница  нуди одличен социјален пакет, како што е покривање на трошоците за транспорт и храна, месечни и годишни бонуси за остварени резултати. Компанијата е ориентирана кон развој на вработените и за таа цел се организираат и посетуваат работилници и обуки, не само за подобрување на личното знаење на вработените, туку и за подобрување на нивните вештини и квалификации. 

 
 
29.06.2016 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега