Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Рамазан Бајрам

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ по повод големиот празник Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во РМ, Реис Ул Улема Хаџи, Сулејман Ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

- Со празнувањето на денешниот ден, уште повеќе се зацврстуваат и се истакнуваат традиционалните вредности на толеранција, заедништво и хуманост помеѓу луѓето. Празнувањето и почитувањето на меѓусебните верски и културни посебности е вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава сила да продолжиме да градиме силни врски на заедништво и меѓусебно разбирање. Само така, обединети и сплотени ќе можеме да создаваме вредности и дела за сите идни генерации кои ќе го продолжат патот до уште посилен развој и просперитет на нашата држава, се наведува во честитката.

Во духот на овие вредности, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници од исламска вероисповед во Република Македонија им го честита големиот празник Рамазан Бајрам и им посакува овие празнични мигови да ги поминат во радост, спокој и хармонија во кругот на своите семејства.

 
 
04.07.2016 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега