Се остварува ветеното во Кисела Вода, се разубавува населбата: Жителите презадоволни

Активно се работи на изградба на комплетно нов објект на основното училиште “Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода кое било отворено во септември 1964 година, а наставата се изведувала во монтажни бараки кои биле донација.

Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски го реализира ова ветување кое го даде при означување на почетокот на градбата минатиот септември. Тогаш во ист ден се отвори новото училиште Живко Брајковски во Бутел и се ознначи градбата на училиштето Невена Горгиева Дуња која треба да биде готово кон крајот на годината.

Се работи за објект во кој инвестира МОН  со површина од 2213 м2, со 5 кабинети, 15 училници, 4 канцеларии и библиотека. На приземјето и првиот кат ќе бидат лоцирани кабинетите, училниците и канцеларискиот простор, додека во подрумскиот дел ќе бидат сместени машинско одделение, работилница и магацин. Ќе има вкупен капацитет од 600 ученици во две смени.

Инвестицијата е во вредност од 75 милиони денари и ќе биде целосно заокружена во последниот квартал на 2016 година.

Граѓаните задоволни од изградбата на училиштето кое беше нивно барање. Велат дека сега дечињата ќе учат во модерни и одлични услови. Еве дел од нивните изјави:

-Граѓаните на Кисела Вода навистина се задоволни што во овој период се направи реконструкција на повеќе училишни згради. Веќе го гледаме и новото училиште на „Невена Георгиева-Дуња“ кое доби нов објект и навистина ќе може да исполни убави услови за да може да се одвива воспитно-образовниот процес на нашите дечиња. Тие со радост ја очекуваат новата учебна година и навистина сме среќни што ќе имаме уште една нова училишна зграда….

-Дечињата конечно ќе седнат во нови училишни клупи. Ова беше старо училиште, но сега е супер и убаво што се гради. Сакам така и да продолжат секаде да се гради, да има нови училишта, нови сали…

-Општина Кисела Вода ни овозможи на сите идни генерации да успеат во поубав живот, поубава средина, поубаво детство. Условите порано и сега имаат голема разлика. Благодарение на нив успеаја да го реновираат училиштето за новите генерации…

-Ние како граѓани на Кисела Вода сме многу задоволни што се гради училиштето…

Се реализира уште едно барање на граѓаните, односно целосно се реконструираше и училиштето во Кисела Вода „Круме Кепески“. Носител на инвестицијата вредна 11.300.000 денари е општината Кисела Вода, која во соработка со приватна компанија и меѓународна институција го финализираше овој значаен зафат. Училиштето изградено во 61та година доби комплетно нов изглед и подобрени услови за работа.

Освен тоа ќе се реши уште едно нивно барање, односно патот за Тефериџ освен тоа што беше веднаш проширен во најтесните грла, локалната самоуправа Кисела Вода и скопскиот плански регион се во фаза на подготвителни активности за почеток на градба за целосно проширување на овој патен правец.

 
 
04.07.2016 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега