Мирно заврши протестот за прегазеното момче во Куманово

Мирно заврши протестот под мотото „За правда“ со кој граѓаните на Куманово го изразија револтот по смртта на четиригодишно момче кое беше прегазено пред Здравствениот дом во Куманово
 
Учесниците во протестот ги повикаа политичарите да застанат во последните редови за да не се даде политички предзнак на овој случај. 
 
- Секој кој ќе врши еден ваков, нехуман акт, треба да се казни согласно  Уставот и Кривичниот законик на РМ. Иднината на секое општество се децата и кога се одзема животна едно дете се губи интегритетот и се исценира егзистенцијата на целото општество. Правдата е еден начин да не се овозможи одмазда, противсудска одмазда како и еден вид морална сатисфакција за жртвите зошто животот на едно дете,загубата на животот на едно дете е еден акт кој не може да се компензира, но казната максималната казна за сторителот малку ќе ја намали болката на семејството. Апелираме до сите политички субјекти да дадат придонес како што треба за оваа сфера, еднаш да ги остават личните интереси на страна и да се грижат за еден општествен интерес како што е животот на едно дете, посочи пред Основниот суд, Лиман Бекони читајќи го соопштението од невладината организација „Зени“.
 
Претходно за МИА,чичкото на Алмир,Фуад Алиу повика да не се одржуваат протести и да се остават институциите да го решат случајот.
 
Во куќата на семејството Алиу во Куманово,лоцирана во сокаче на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ голем број роднини и пријатели и денеска доаѓаа да изразат сочуство до најблиските за прераната смрт на малиот Алмир Алиу. Чичкото на Алмир, Фуад Алиу вели дека на овој случај не треба да му се става меѓуетнички предзнак и да не се користи за никакво насилство
 
- Овој случај да не се злоупотреби надвор од институциите.Ние како семејство имаме став се што ќе се преземе и околу ова убиство да се преземе исклучиво преку институциите не надвор од нив. Колку што јас имам информации осомничениот е во притвор. Мислам дека институциите си ја знаат работата, бидејќи сите се запознаени со ова грозоморно убиство, вели Алиу.
 
Таткото на осомничениот, Гоце Илиќ даде изјава за медиумите во која прво изрази сочуство за семејството на Алмир, по што нагласи дека и тој е родител и сочуствува за загубата на малото дете.
 
- Ова сега не треба да ескалира ситуацијата,никој не треба да си прави поени или пак да не биде политички или меѓуетнички. Додека беше детето во болницата се обидовме преку лекари да се помогне, тоа е задачата родителска. Јас уште еднаш сакам да се извинам на семејството.Син  ми направи грешка ќе се излезе на суд, тоа се ќе се види,има судство ќе решава тоа, изјави Илиќ.
 
Началникот  на одделението на полиција од СВР Куманово, Антон Витковски, посочи дека поединци и групи се вклучуваат во инциденти со меѓунационална основа за кои, подвлече,СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите, расчистување на случаите и дека пријавените случаи се расчистени. Нагласи дека мора да се настапува и превентивно.
 
- Куманово е мултиетнички град со повеќе националности и мислам дека сите заедно мора да замеме учество за спречување на ваквите дејствива. Апел до сите, од СВР Куманово, до медиумите, сите надлежни инстицуии, верските заедници, локалните совети, училишните совети, сите да апелираме да нема вакви нарушувања, мора да ја подигнеме свеста кај граѓаните да не се прават вакви кривични дела или прекршоци бидејќи може лесно да имеме поголеми проблеми, рече Витковски, нагласувајќи дека случаите се  решливи,но бараат ангажман од сите институции.
 
Присутните членови на локалниот совет за превенција  порачаа при вакви инциденти навремено треба  да се извести полицијата, а потоа да се остави надлежните органи да ги расчистат случаите. 
 
 
04.07.2016 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега