Нов пресврт со времето - поројни дождови и ветер со брзина над 70 км/ч

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 24 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Температурата ќе достигне до 33 степени.

В среда попладне локално ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во четврток преку денот ќе преовладува променливо облачно, ветровито и посвежо време со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, вдолж Повардарието на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

 
 
04.07.2016 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега