Димитриев: ЕУ ја задржува политиката на отворени врати за земјите од Западен Балкан

Клучната порака од Парискиот Самит е дека ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, а тоа е одличен сигнал за земјите од Западен Балкан, изјави вечерва премиерот Емил Димитриев по завршувањето на Третиот Самит за Западен Балкан што се одржа по покровителство на францускиот претседател Франсоа Оланд. 

- Ова беше одлична прилика и одличен сигнал. После Германија и Австрија, Франција го презеде претседавањето со самитот Западен Балкан Главната порака од овој самит од земјите членки на ЕУ е дека Балканот и понатаму останува подрачје каде приоритетно е зачленувањето во ЕУ. ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, рече Димитриев.

Тој нагласи дека на смитот биле искажани повеќе размислувања во трите сегменти кои што беа дискутирани на самиот Самит - миграциите, безбедноста и европската политика.

- На мое задоволство и на задоволство на сите граѓани многу често беше искажана благодарност кон Република Македонија за справување со кризата, посебно со квалификции дека Македонија европски се однесувала во делот на менаџирање на мигрантската криза. Исто така дискутиравме за сфери од областа на безбедноста за нашите аспирации во НАТО. Ја реафирмиравме нашата позииција дека наш врвен приоритет е членството во ЕУ. Како резулат од овој самит е потпишување договор за отворање на регионана канцеларија за млади. Еден од акцентите беше ставен на младите и на перспективата на младите во регионот. Така што се на се јас сум задоволен од дискусиите од темите и од заклучоците кои што произлегоа од денешниот самит, рече Димитриев.

 

Во однос на билатералните спорови, тој посочи дека тие и понатака остануваат пречка за зачленување во ЕУ.

- Беше кажано дека членството на ЗБ во ЕУ треба да биде во ситуација кога ќе бидат надминати билатералните спорови. Нашата позиција тука е мошне јасна. Ние сме проактични цело време во тој правец да ги надминеме билатералните спорови, тука пред се мислам на спорот со нашиот јужен сосед за разликите со името и да најдеме заедничко прифатливо решение кое што би ги деблокирало нашите евроатлантски процеси. Така што билатералните спорови и понатаму остануваат нешто за кое ЕУ ќе продолжи да притиска за нивно решавање, рече премиерот Димитриев.

Конкретно за финансиски средства околу бегалската криза рече дека не станало збор, меѓутоа во принцип буџетските средства со кои располага оваа иницијатива, не се искористени.

Вицепремиерот за евкономски прашања Владимир Пешевски, кој беше во составот на делегацијата, истакна дека во однос на финансиските средства, она што се обидува ЕК да го направи е како стимуланс да даде грантови за конкретни проекти, но вели, потребо е паралелно со тие грантови државите да спроведат одреден сет на реформи, а и самата проектна документација да биде подготвена на соодветно ниво.

- Како што е познато, уште во Берлин првиот проект што реално и беше одoбрен и добива грант-средства од оваа програма е проектот каде што учествува и Република Макеоднија, а тоа се средства во износ од 12 милиони евра за изградба на далековод кон Албанија. Тој проект ќе почне да се реализира наскоро. Ние предлагавме и други проекти што засега не се влезени во агендата, но сепак средствата од грантот што е наменет за програмата за Западен Балкан се во многу мал износ алоцирани, рече Пешевски.

 Тој оцени дека овој процес нема да заврши догодина во Рим, каде е следниот состанок, туку можеби ќе се провлече уште неколку години.

- Тоа е и една од иницијативите што ние ја предложивме на овој Самит, да уште едно 20-тина проекти добијат донорски средства, а веројатно и износот, барем тоа беше пораката на комесарот Јоханес Хан, дека ако се предложат соодветни квалитетни проекти, подготвени на соодветно ниво и државите продолжат со реформите, ќе се најдат дополнителни средства, на страна од оние што се ИПА-средства, рече вицепремиерот Пешевски.

Тој нагласи дека Македонија останува посветена во делот на реформите и креирањето на поволна бизнис-клима, поврзувањето со сoседните држави, како една од целите на Берлинскиот процес во делот на транспортната мрежа, но и во делот на креирање на заеднички пазар на електрична енергија. Таа идеја во Берлин, посочи тој дошла од токму од наша страна, а енергетската заедница ја прифати и денес е една од главните мотиви на оваа конференција на која сега сите држави рбатоат.

Во делот на олеснување со трговијата, рече, ние веќе потпишавме одредени договори за олеснување со Република Србија, а преминот Табановце е одбран како заендички граничен премин. Но вели, не е доволно само квлаитетна транспортна мрежа и завршени коридори туку завршување на реформите со крајна цел, влез во ЕУ и пoдобрување на животнито стандард на сите.

 

Во однос на политичкито дел од Самитот вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски истакна дека најзначајниот сигнал беше дека во моменти во кои Веlика Британија одлучува да ја напушти ЕУ, двете движечки сили во самата Европска унија, а тоа се Франција и Германија, упатуваат силен сигнал дека сите ветувања во поглед на целосна интеграција на Балканот во Европската унија остануваат и се на маса и нема поместување во тој дел.

- За тие оние што во меѓувреме заборавиле колкава е цената на оставање на Балканот надвор од ЕУ како што можеше да се потврди во текот на кризите и воените дејствија во 90-тите години на минатиот век, мигрантската криза веројатно беше еден добар потсетник. Тема на која многу јaсно беше дека ЕУ мора да сорбаотува со земјите од регионот и дека најдобар и најевтин начин да се обезбеди сигурна, безбедна и мирна Европа е преку нитеграција на Балканот во рамки на Европската унија, рече Поповски.

Очекува дека овој тип на соработка ќе продолжи во следниот период и оти е јасно дека без германска и француска поддршка сите овие рбаоти би биле ставени под знак прашалник.

- Во изминатиот период, мислам дека повеќе се втемели една перцепција дека најкарактеристичен извоз за Балканот е извозот на проблеми. Но, ние во изминатиот период докажавме дека од една страна можеме да бидеме регион што најбрзо расте во рамки на европскиот континент и регионот од кој зависи и самата стабилност, безбендост, сигурност и просперитет во Европската унија. Мислам дека и со ризиците со кои се соочува ЕУ во доменот на радикализација и во делот на мигрантската криза, како и во делот на потребата од поголема конкурентност на европскиот континент, Балканот е фактор што придонесува за поголема стабилност и поголем успех. Ова мора да биде изразено и преку одлуките што се носат и во Европската комисија и на Советот, рече шефот на дипломатијата.

Според него, останува клучното прашање, а тоа е отстранување на билатералните блокади, особено кога доаѓаат од земји-членки на ЕУ.

- Тука, Хрватска и Србија денес испратија јасна порака дека ги оставаат зад себе билатералните прашања што ќе се решаваат во процесот на преговори. Србија ќе води преговори со Европската унија. Можеби овој сигнал требеа да биде примен и од оние што се дел од Европската унија, а во минатото го попречувале македонскиот напредк кон ЕУ-интеграцијата, да се обидеме да овозможиме процесот за пристапување кон ЕУ да биде метод преку кој ќе ги надминуваме билатералните прашања, рече Попоски.

Од денешниот Париски самит како што истакна претседателот Оланд, земјите од Западен балкан се обврзаа на колективен акциски план за интензицирање на трговскиот раст и транспортното поврзување. 

 
 
04.07.2016 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега