Многу несреќи за неработниот ден во Скопје

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Скопје се случиле 20 сообраќајни незгоди од кои девет се со последица материјална штета, 10 се со последица телесна повреда. Со полесни телесни повреди се здобиле 14 лица. Со тешки телесни повреди се здобил еден мотоциклист.

Сообраќајната полиција во понеделникот извршила увид на 12 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле девет лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден мотоциклист.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во вторникот извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.

Во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 12 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената и четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол

Затекнати се 12 нерегистрирани возила, 11 возачи без возачка дозвола, 26 непрописно паркирани возила и пет пешаци кои сториле прекршоци по различни основи.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие два дена отстранети се 61 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Весели цветови“, објект „Кокиче“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода. 

 
 
06.07.2016 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега