ФОТО: Мерцедес и Голф се судрија кај Пресека - 5 лица пренесени итно во болница
Повредени пет лица е билансот на сообраќајната несреќа која утрово околу 9:15 часот се случи на патот Охрид- Скопје кај превалецот Пресека.
Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила, „мерцедес“ со италијански регистерски таблички и „голф“ со скопски.
Повредени се пет лица кои се префрлени во кичевската болница, а едно потешко повредено лице, поради сериозноста на повредите, е префрлено на скопските клиники.
Сообраќајот на автопатот Охрид – Скопје кај „Пресека“ е нормализиран, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот беше во прекин во двата правци утрово од 9 часот и 15 минути поради сообраќајката.
ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа