Кучи се сретна со директорот на Светска банка

 Европските перспективи на Република Македонија и политичкиот дијалог за надминување на тековната криза што треба да резултира со спроведување на избори се темите за кои денеска во Скопје разговараа потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски, и германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл.

Ова денеска го истакнал министерот за економија Дритон Кучи на средбата со директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели.

Како што соопштија од ресорното Министерство, Кучи му се заблагодарил на Мантованели за континуираната поддршка што оваа институција и ја дава на земјата и предложил соработката да продолжи со реализација на проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце.

– Министерот Кучи ја истакна потребата од поддршка на Светската банка за забрзување на изградбата на патната инфраструктура, која би ја приклучила индустриската зона во Тетово со автопатот Тетово-Скопје како и поддршка за ревитализација на дуќаните во Старата скопска чаршија и Битолската чаршија, се наведува во соопштението.

Мантованели нагласил дека соработката со Македонија е многу плодна во областа на енергетиката, туризмот, подобрувањето на конкурентноста на компаниите и развојот на општините и најавил дека во септември ќе биде креирана програма за проекти што ќе бидат реализирани во наредниот период.

Министерството за економија во соработка со Светска банка го реализираше и проектот за имплементација на мерките за енергетска ефикасност, со кој се реновираа 42 основни училишта и детски градинки во 12 општини, проект вреден над четири милиони долари. Со поддршка од Светската банка е имплементирана и новата стратегија за енергетска ефикасност, која вклучува инвестиции во енергетската ефикасност не само во јавните објекти, туку и во други управни згради, болници и социјални установи.

 
 
06.07.2016 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега