Нов сообраќаен режим од утре на улиците во Скопје

Градот Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека од утре (вторник,12.07.2016 год.) од 8.00 часот ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“ поради реконструкција на коловот.

Возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Центар кон Дексион, во насока од исток кон запад, ќе бидат пренасочени од улицата „Ѓорче Петров“, по булевар „Македонска војска“, улица „Борис Сарафов“ (4-ти Јули), улица „Кузман Шапкарев“ и продолжуваат по својата траса.

За време на траење на овој режим ќе се користат времено поставените автобуски стојалишта на улица „Борис Сарафов“.

Во спротивна насока, од Дексион кон Центар или во правец запад-исток автобусите ќе ја користат постојната траса по улица „Ѓорче Петров“.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.

 
 
11.07.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега