ВОНДРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Од утре големо невреме и пад на температурата

Времето утре во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне нестабилно облачно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во вечерните и ноќните часови, особено во северните делови. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Температурата ќе се движи од 24 до 35 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а попладне нестабилно облачно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата ќе достигне до 33 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени во однос на денешната и ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата. До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

 
 
14.07.2016 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега