Неформално дружење меѓу припадниците на Министерството за одбрана и АРМ

Пред Здружено Оперативната Команда во касарната „Боро Менков“ во Куманово утре со почеток во 20 часот и 30 минути во организација на командантот на ЗОК бригадниот генерал Методија Величковски, ќе се одржи неформално дружење помеѓу припадници на  МО и АРМ, припадниците од асоцијацијата на воените аташеа и НАТО советодавниот тим со нивните фамилии. 
 
На настанот ќе биде дел и македонскиот министер за одбрана, Талат Џафери.
 
 
а време  на дружењето е предвидена и забавна содржина со учество на реномираниот рок бенд од Скопје „Деј офф“ како и симболично отварање на мини плоштад пред Здружено Оперативната Командата кој ќе биде прекрасно катче со детали од македонскиот фолклор и историја каде вработените во Здружено Оперативната Команда и нивните гости ќе одржуваат формални и неформални средби и кој исто така ќе се користи за краток одмор на персоналот од работните задачи. Исто така ќе биде симболично отворен и знакот на НАТО пред командата. 
ФОТО: Канал 5