ЕВН Македонија повикува на внимателност при земјоделските активности под далноводите

ЕВН Македонија ги повикува земјоделците на внимателно ракување со земјоделската механизација и опрема во близина на далноводите од дистрибутивната мрежа. Особено внимателни треба да бидат додека ракуваат со опремата за наводнување.

Извршување на земјоделски активности под електричните водови треба да се избегнува односно да се ограничи само на оние кои мора да бидат изведувани и во таков случај задолжително треба да се преземат мерки за безбедност.

Mеталната опрема како што се цевки за наводнување и разни видови на прскалки, во никој случај не смее да дојде во директен допир или да се приближува до проводниците од надземните водови. Не смее да се поставуваaт метални цевки за наводнување паралелно со трасата на надземниот вод и при наводнување, задолжително да се избегнува приближување и контакт на водениот млаз со надземните водови. Особено да се обрне внимание и на силината и правецот на ветерот.

Во близина на електричните водови, цевките за наводнување во никој случај не смеат да се поставуваат вертикално ниту при нивно празнење ниту при транспортот. Транспортот на останатата опрема за наводнување мора да биде исклучиво во хоризонтална положба.

Причина за најголем број од сите фатални несреќи со електрична енергија во земјоделството е допирот со надземните електрични водови. За да се избегнат ваквите несреќи ЕВН Македонија за мерките на претпазливост ги информираше локалните самоуправи, надлежните институции и преку медиумите своите корисници и сите граѓани. Стручните лица од ЕВН Македонија, постојано ќе бидат на располагање, во врска со сите отворени прашања, за безбедно изведување на активности во близина на електрични водови.

 
 
15.07.2016 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега