ЛДП испрати сочуство по повод терористичкиот напад во Ница

 

Либерално-демократската партија (ЛДП), по повод  терористичкиот напад во Ница, денеска упати писмо со сочувство до амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер.

- Силно го осудуваме секој чин на тероризам против слободните жители на Франција, кои кукавички беа нападнати додека ги славеа слободата и еднаквоста, двете основни вредности на либералните демократии низ целиот свет. Кога некој врши насилство и тероризам врз слободните и мирољубиви граѓани на Франција, истата акција е насочена и кон целото слободно општество и нема никаква поврзаност со цивилизираниот свет, се вели во писмото со сочувство од ЛДП. 

Од најголемо значење за сите нас, како што се наведува, е да се обединиме и да преземеме одлучни акции со цел да ги запреме терористичките напади, кои се закана за целиот човечки род, без разлика на раса, религија или етникум.

- Стоиме обединети, со Вас и со Вашите семејства и веруваме дека Франција ќе ја надмине оваа ужасна трагедија и од неа ќе излезе посилна и поодлучна од било кога, стои во писмото со сочувство од ЛДП

 
 
15.07.2016 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега